„Нероазурите“ после 45 минути играа во Германија против Борусија Дортмунд имаа водство и се чинеше трите бодови во своите раце но на крајот останаа со празни претрпувајќи пораз 3-2 Начинот на кој изгуби Интер многу го налути Антонио Конте, кој го искажа сиот свој бес на средбата со медиумите.

  • Ова истово ни се случи и во Барселона. Всушност сега е полошо, бидејќи водевме со два гола. Многу сме разочарани. Ептен сум лут, бидејќи не можеме подобро од ова. Дојдовме до нашите граници, а пак губиме. Во планирањето пред сезоната се направени големи грешки. Ми здосади да го повторувам тоа. Фудбалерите одат со брзина од 100 км на час и можам само да им бидам благодарен за тоа што го прават, но не може да играме во Лига на Шампиони и Серија А со крајни граници. – изјави Конте.

Предводникот на Интер ја прозивише управата која на донесла фудбалери какви што тој посакувал. Конте додаде дека е презадоволен од фудбалерите и нема никаква замерка. Интер во следните две рунди ќе мора да ги победи Славија Прага и Барселона а да чека кикс од Борусија Дортмунд за искачување на втората позиција.

OhridNews