Баерн Минхен во финалето од Лигата на Шампиони, го претрпе петтиот пораз во деветтото финале, втор пат од англиската екипа. Првиот англиски тим кој бил подобар од германскиот гигант беше Манчестер Јунајтед во легендарното финале на Ноу Камп, тринаесет години подоцна Челси одново преку Баерн Минхен се искачи на тронот од Европа.


Неколку сличности има во победата на Манчестер Јунајтед и Челси, над Баерн Минхен во финалињата. “Баварците“ и во двата меча имаа предност која на крајот не се покажа како доволна да ја освојат Лигата на Шампиони.


Најголемата коинцеденција помеѓу Манчестер Јунајтед и Челси, е дека решавачките голови во финалето ги постигнаа од корнер. “Црвените ѓаволи“ во судиското продолжение направија пресврт со погодоците на Шерингам и Солскајер. “Сините“ од првиот корнер на мечот изведен во 88-та минута го израмнаа резултатот, стрелец на погодокот беше Дрогба.


Подоцна голманот на Челси, Чех беше херој во пенал рулетот откако го одбрани ударот на Олиќ, а Швајнштангер ја погоди статива.

Мх.П.