Освен ждрепката за паровите 1/4 финалето, во Нион беше формиран костурот за 1/2 финалето и финалето кое ќе се одигра на Алијанц Арената во Минхен.


Победникот од дуелот АПОЕЛ – Реал Мадрид ќе се сретне со победникот од Олимпик Марсеј – Баерн Минхен. Другата полуфинална двојка ќе ја сочинуваат, победникот од Милан – Барселона и победникот од Бенфика – Челси.

Првите натпревари од 1/2 финалето на програмата се 17/18 април додека реванш мечевите се на 24/25 април.

Мх.П.