Деветкратниот првак во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид во Москва ја започнува одисејата во 1/8 финалето. ЦСКА која е надвор од натпреварувачки ритам, на студеното време кое се очекува да е под нулата ќе му се спротистави на лидерот од Примера.


Реал Мадрид во последните 30 натпревари забележал 27 победи, а во исто толку постигнувал по еден погодок. Голем пех за “црвената армија“ е паузата во руското првенство, последен меч кој ЦСКА го одиграла е оној со Интер во шестата рунда од Лигата на Шампиони.

Поради временските разлики на Русија натпреварот е во 18 часот по локално време.

Мх.П.