Репрезентативецот на Белгија, Еден Азард имаше перформанс за заборав на вчерашниот натпревар помеѓу неговиот сегашен клуб Реал Мадрид и поранешниот Челси, во полуфиналето во Лигата на Шампиони. „Кралевите“ отпаднаа, но она што боде очи е однесувањето на Азард, после завршувањето на мечот. На Азард воопшто не му падна тешка елиминацијата и се смееше со играчите на Челси, кои еуфорично го славеа пласманот во финалето.

За потсетување, „сините“, вчеравечер со 2-0 го совладаа Реал Мадрид и со вкупен резултат 3-1 го заверија билетото за големото финале, кое ќе се одигра на 29 мај во Истанбул. Ривал на Челси ќе му биде ривалот од националното првенство Манчестер Сити, кој во полуфиналето го елиминираше Пари Сент Жермен.

OhridNews

 

ЛШ: Челси го елиминираше Реал Мадрид и закажа англиска пресметка во финалето (видео)