Вечерва, со натпреварите помеѓу Аталанта – Реал Мадрид односно Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити ќе се комплетира првиот круг од осминафиналната фаза во Лигата на Шампиони.

„Кралевите“ во пресрет дуелот со италијанскиот калчолигаш се соочуваат со играчка криза, бидејќи поради повреди од конкуренција отпаднаа дури девет фудбалери. Помеѓу најзвучните имиња се Серхио Рамос, Карим Бензема, Еден Азард, Марсело, Карвахал… На спротивната страна, Аталанта нема такви проблеми и со комплетен арсенал ќе му се спротистави на Реал Мадрид.

На Борусија Менхенгладбах ќе му треба перфектна партија да го совлада Манчестер Сити и обезбеди поволен резултат, пред реваншот на Етихад. „Граѓаните“ се наоѓаат во импозатна серија од 18 победи во сите конкуренции, а Пеп Гвардиола таа низа да продолжи и вечерва. Германците се наоѓаат во добра форма, но ќе им треба многу повеќе од добар фудбал за победа против Манчестер Сити.

Мечевите се играат во 21 часот.

OhridNews