Еден погодок и еден потег на Карим Бензема ја реши првата полуфинална пресметка меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен во Лигата на Шампиони.

Фудбалерите на шпанскиот и германскиот гигант со фантастичната игра во текот на целиот меч го оправдаа епитетот за „финале во полуфиналето“ од ЛШ.

„Кралевите“ во полуфиналната пресметка го направија првиот потег, а на ред се „баварците“ кои реваншот го играат пред своите гледачи на „Алијанс Арената“.

Мх.П.