Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд вечерва во 20 часот и 45 минути пред своите гледачи во дербито од Е-Х сегментот ќе пречека европскиот првак Реал Мадрид.
„Кралевите“ можат да се пофалат со најмногу титули во ЛШ и двете во серија, но неможат со победа на стадионот од „милионерите“. Во досегашните обиди „лос бланкос“ претрпувале порази, а во најдобар случај играле нерешено.
– Стадионот и пред се навивачите се голема предизвик за нас и затоа со нетрпение го очекуваме сите овој натпревар. Минатата сезона се сретнавме и германците ни создадоа големи проблеми. Се надевам дека нема да ги повториме грешки и овој пат пат ќе одиграме како што знаеме и умееме. – изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Двата стратези немаат проблем со повредени и казнети фудбалери и со сите расположливи средства ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“.
Двојки:
Група Е: Севиља – Марибор, Спарак Москва – Ливерпул
Табела: Ливерпул 1, Севиља 1, Спартак Москва 1, Марибор 1
Група Ф: Манчестер Сити – Шахјтор Доњецк, Наполи – Феенорд
Табела: Мен Сити 3, Шахјтор 3, Наполи 0, Феенорд 0
Група Г: Бешикташ – Лајпциг, Монако – Порто
Табела: Бешикташ 3, Монако 1, Лајпциг 1, Порто 0.
Група Х: АПОЕЛ – Тотенхем, Борусија Дортмунд – Реал Мадрид.
Табела: Реал Мадрид 3, Тотенхем 3, Борусија Дортмунд 0, АПОЕЛ 0.
OhridNews