Најтрофејниот клуб во европските натпреварувања, Реал Мадрид е првиот патник финалето од Лигата на Шампиони кое ќе се одигра на 24 мај во Лисабон.
Во 1/2 финалето „кралевите“ не само што го елиминираа Европскиот првак Баерн Минхен туку го фрлија на колена победувајќи го 4-0 (5-0) на Алијанц Арената.
Надежта за финале на „баварците“ им ја сруши Серхио Рамос, кој постигна два погодоци за само четири минути.
Полувремето од соништата за Реал Мадрид го комплетираше Роналдо, кој со погодок го круниса маестралниот контра напад.
Во вториот дел шпанскиот стратег Пеп Гвардиола ги проба сите варијанти, но не успеа да го најде патот до мрежата на Икер Касилјас. Тоа по втор пат му успеа на Роналдо, кој лукаво од слободен удар по земја го совлада Мануел Нојер за голема победа среде Минхен.
За „кралевите“ ова а 13-то финале во Лигата на Шампиони, а таму противник ќе му биде победникот од вториот полифинален дуел меѓу Челси – Атлетико Мадрид.
Мх.П.