На крилата на аргентинецот Езекил Лавеци, Наполи обезбеди огромна предност (3-1) пред реванш дуелот на Стемфорд Бриџ. Реномираниот спортски сајт “Goal.com“ го прогласи Лавеци фудбалер на натпреварот со отценка 8.5 додека македонскиот репрезентативец Горан Пандев за десет минути на теренот заработи шестка.

Стрелецот на голот за “сините“, Хуан Мата со седмица е најдобро рангираниот фудбалер во екипата на Челси додека најслабо рангиран фудбалер воопшто е србинот Бранислав Ивановиќ со четвртока.

Мх.П.