Екипата на Рајн Некар Левен без Дејан Манасков во составот ќе настапи на мечот со Вардар во Скопје во осмата рунда од групната фаза Лигата на Шампиони.
Македонскиот репрезентативец дуелот со својот поранешен клуб ќе го пропушти поради настинка која го оддалечи десеттина дена од терените.
Манасков не настапи ниту на првиот натпревар на кој неговиот тим претпе убедлив пораз од македонскиот првак.
Мечот меѓу шампионот на Македонија и Германија се игра в сабота со почеток во 17 и 30 часот.
OhridNews