Францускиот ракометен клуб Нант максимално го искористи домашниот терен во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони, победувајќи го унгарскиот гигант Веспрем со 32-28 (16-12).

Ракометарите на Нант може да жалат што разликата во победата не е поголема, бидејќи во самиот финиш од натпреварот имаа седум погодоци предност. Веспрем со добар финиш намали на 32-28 и избегна катастрофа во Франција.

Клучни фигури во победата на Нант беа македонскиот ракометар Кирил Лазаров и голманот Нилсен. Лазаров влезе во игра при негатива 8-5 и за кратко време речиси сам донесе пресврт 11-10. Голманот Нилсен, пак, ги излуде унгарските ракометари, бранејќи му се и сешто на крајот од првиот и почетокот од вториот дел.

Честа на гостите во првиот круг од четвртфиналната фаза ја одбрани Барселона, која триуфмираше кај Мешков Бресто со 33-29, а на домашен терен победи забележаа Алборг против Фленсбург (26-21) односно Кил против ПСЖ (31-29).

Резултати:

Алборг – Фленсбург 26-21

Нант – Веспрем 32-28

Кил – ПСЖ 31-29

Мешков Брест – Барселона 29-33

OhridNews