Екипата на Барселона со 38-28 го совлада ПСЖ во дербито на 9-то коло во Лигата на Шампиони и им го отвори патот на Металург и Вардар кон втората позиција.


Каталонците победникот го решија уште во првиот дел кое го добија со 19-9, а во вториот рутински ја задржаа предноста и го забележаа осмиот триумф во деветтиот натпревар.

Со победата над францускиот состав Лазаров и Барселона го осигураа првото место во групата кое ќе им донесе полесен противник во 1/8 финалето од ЛШ.

Металург и Вардар натпреварите против Динамо Минск односно Вакер Тун ги играат в недела.

Мх.П.