Македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров и голманот на Вардар, Страхиња Милиќ се меѓу најдобрите поединци во 9-та рунда од Лигата на Шампиони
Импресивниот учинок од девет голови на Лазаров во супер дербито меѓу Барселона и Пари Сент Жермен му донесе триумф на неговиот состав, а тој си обезбеди место во тимот на колото.
Милиќ, со 11 одбрани сите во вториот дел не успеа да го излече Вардар од пораз во Полска од Киелце. Милиќ имаше неколку круцијални одбрани, но неговите соиграчи не ги капитализираа за победа.
Во изборот на најдобрите голови место си обезбеди бекот на Металург, Филип Талески. Тој со својот проектил од место се најде на петтата позиција.
Идеалниот тим на колото можете да го погледнете тука, најдобрите одбрани тука, а петте најдобрите голови тука.
Идеалниот тим:
Лево крило: Ангел Фернандез (Ла Риоха)
Леб бек: Сајад Естики (Букурешт
Среден бек: Баруш Пухолиски (Мотор Запорожје)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Десно крило: Тим Соренсен (Кристијанштад)
Пикер: Игор Вори (Загреб)
Голман: Страхиња Милиќ (Вардар)
OhridNews