Дуелот помеѓу Копенхаген и Барселона е најатрактивната четврфинална пресметка во ракометната Лига на шампиони. Единствениот македонски репрезент, во Лигата на шампиони, Кире Лазаров, со Атлетико Мадрид, за противник го доби Цимос Копер.

Ждрепката, која во вторникот беше извршена во седиштето на ЕХФ во Виена, посака екипите кои сезонава претендираат на освојување на титулата во елитното натпреварување меѓусебно да решат која ќе се пласира на завршниот турнир.
Кире Лазаров, со Атлетико Мадрид, за противник го доби Цимос Копер и во овој двомеч екипата на Дуешнбаев влегува како фаворит.
Загреб, кој во осминафиналето го елиминира Металург, има невозможна задача за пласман на завршниот турнир. Хрватскиот шампион ќе игра против најголемиот фаворит во Лигата а шампиони, германскиот Кил.
Најнеизвесен двомеч во четвртфиналето се очекува да биде оној помеѓу Адемар Леон и Берлин.
Покрај четврфиналните двојки во Лигата на шампиони, во Виена беа извлечени полуфиналните двојки во останатите европски купови. Борко Ристовски, чии тим Гумерсбах стигна до полуфиналето во КПК за противник во оваа фаза го доби Цеље.
КПК: Фленсбург-Каха Арагон, Цеље-Гумерсбах
Челинџ Куп: Макаби-Диомидис, Спортинг-Вакер Тун
ЕХФ Куп: Рајн Некар-Гепинген, Магдебург-Денкерк
Првите натпревари ќе се одиграат на 21 и 22. април, а реваншите на програмата се на 28 и 29. април. 
Ohridnews