Македонскиот интернационалец Кирил Лазаров и Барселона го продолжија походот кон трофејот во Лигата на Шампиони откако обезбедија пласман на завршниот турнир во Келн.

Лазаров, кој брилираше на првиот натпревар, овој пат немаше своја вечер и застана на два погодоци. Најпрецизен беше Никола Карабатиќ со седум голови.
Барселона, Веспрем и Флензбург се трите патници во Ф4 турнирот во Келн, а „големата четворка“ ќе се комплетира по мечот меѓу Кил – Металург.
Мх.П.










