Hајдобриот македонски ракометар и членот на Атлетико Мадрид Кирил Лазаровсе најде во тимот на колото во Лигата на шампионите. Македонскиот капитен со 8 голови беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим против Пивоварна Лашко Цеље со 28:22 во рамките од второто коло од најквалитетното клубско натпреварување.

Тим на колото во Лигата на шампионите:
Лево крило: Каспер Мартенсен (Сикелборг)
Лев бек: Сергеј Рутенка (Барселона)
Центар: Франтишек Шулц (Пик Сегед)
Десен бек: Кире Лазаров (Атлетико Мадрид)
Десно крило: Дмитри Ковалев (Чеховски Медведи)
Пикер: Каспер Нилсен (Савехов)
Голман: Арпад Штербик (Барселона)