Фудбалерите на Ливерпул и Лајпциг и осмина-финалниот реванш, во Лигата на шампионите, ќе го одиграат на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта.

Исто како и за првиот натпревар и овој пат причината е коронавирусот, односно епидемиолошките мерки кои ги применува Германија.

Сите оние кои се враќаат во Германија од Велика Британија, задолжително мора да бидат во карантин 14 дена.

Првиот натпревар, во кој Лајпциг беа домаќини, заврши со победа на Ливерпул 0-2.

OhridNews