Деветкратниот првак Реал Мадрид, англискиот шампион Манчестер Сити и освојувачот на седум европски титули Милан имаа лоша ноќ во четвртата рунда во групната фаза од Лигата на Шампиони.


“Кралевите“ во последните минути се спасуваа од пораз на мечот со Дортмунд, кој заврши без победник 2-2. Исто се случуваше и во Манчестер каде “граѓаните“ надохнадија два гола негатива на дуелот со Ајакс.


Милан и Малага ремизираа на Сан Сиро играјќи 1-1. Најпријатното изненадување во Лигата на Шампиони, Малага поведе со голот на Елисеу додека Пато ги извлече “росонерите“ од нов пораз пред своите гледачи.

Резултати :

Група А : Динамо Киев-Порто 0-0, ПСЖ-Динамо Загреб 4-0.

Табела: Порто 10, ПСЖ 9, Динамо Киев 4, Динамо Загреб 0

Група Б: Олимпијакос-Монпеље 3-1, Шалке-Арсенал 2-2

Табела: Шалке 8, Арсенал 7, Олимпијакос 6, Монпеље 1

Група Ц: Милан-Малага 1-1, Андерлехт-Зенит 1-0

Табела: Малага 10, Милан 5, Андерлехт 4, Зенит 3,
 
Група Д: Манчестер Сити-Ајакс 2-2, Реал Мадрид-Борусија Дортмунд 2-2

 
Табела: Борусија 8, Реал 7, Ајакс 4, Манчестер Сити 2.

Мх.П.