Македонските судии предводени од Александар Ставрев беа среќни за фудбалерите на Бате Борисов кои со 3-1 го совладаа четири кратниот шампион Баерн Минхен.


Спектакуларната победа за белорусите ја најави Павлов со гол во 23-та минута, во 78-та минута домаќините ја дуплираа предноста. Надежта за “баварците“ ја врати Рибери во 90-та додека конечниот триумф го запечати Брешан на истекот од третата минута од судиското продолжение.

Македонскиот арбитар Ставрев, на мечот додели седум жолти картони три за домаќините четири за гостите. Бате Борисов откако го елиминираше македонскиот првак Вардар во првото квалификациско коло го прати среќа во Лигата на Шампиони.

Мх.П.