Со првиот 1/2 финален натпревар помеѓу германскиот преставник Шалке и Манчестер Јунајтед започнува завршницата во Лигата на Шампиони. Раул и компанија ја испишаа историјата во клубот откако се пласираа во 1/2 финалето. Но пред нив се наоѓа “староседелецот“ Јунајтед во Лигата на Шампиони кои по пауза од една сезона повторно имаат можност да се најдат во големото финале на Вембли.


Шалке во 1/4 финалето од натпреварувањето го “сомеле“ Интер победувајќи го во двата наврати додека Манчестер исто така со двојна победа над Челси обезбеди пласман во најдобрите четири. “Сините“ на Велтинс Арената во Лигата на Шампиони има четири победи во низа додека нивниот вечерашен противник Манчестер Јунајтед нема пораз на гостински терен оваа сезона.


“Црвените ѓаволи“ ланската одисеја во Лигата на Шампоини ја завршија токму против германски противник Баерн Минхен. Манчестер Јунајтед во шест дуели со клуб кој доаѓа од Германија во нок аут фазата само два пати се пласирал понатаму.


Сер Алекс Фергусон на располагање ќе го има поширокиот состав а ќе недостасуваат Бербатов, Флечер и ирецот Џон Оши. Во однос на составот Шалке ќе има посериозни проблеми ги нема Хунтелар, Мориц, Пандер, Гавранчиќ а под знак прашалник се Пападопулос, Клуг.

Мх.П.