Швајцарскиот преставник во Лигата на Шампиони, Базел го приреди најголемото изненадување елиминирајќи го вицепрвакот Манчестер Јунајтед. “Црвените ѓаволи“ со бод патуваа во нокаут фазата но потклекнаа во последниот меч и загубија со 2-1.


Лион по убедливиот триумф над Динамо Загреб од 7-1 зачинет со поразот на Ајакс од Реал Мадрид со 3-0, го зграпчија второто место во групата. Наполи ја преживеа групата на “смрта“ и со победата над Виљареал од 2-0 на “Ел Мадригал“ осигура “мирна зима“. Македонскиот репрезентативец ги одигра последните десет минути од историскиот натпревар за “наполитанците“.


Резултати: Базел – Мен Ју 2-1, Бенфика – Отелул 1-0

Табела : Бенфика 12, Базел 11, Мен Ју 9, Отелул 0

Резултати : Ајакс – Реал Мадрид 0-3, Динамо Загреб – Лион 1-7

Табела : Реал Мадрид 18, Лион 8, Ајакс 8, Динамо Загреб 0

Резултати : Лил – Трабзон 0-0, Интер – ЦСКА Москва 1-2

Табела : Интер 13, ЦСКА Мосвка 9, Трабзон 8, Лил 7

Резултати : Мен Сити – Баерн Минхен 2-0, Виљареал – Наполи 0-2

Табела : Баерн Минхен 13, Наполи 11, Мен Сити 10, Виљареал 0

Мх.П.