Екипата на Металург обезбеди пласман меѓу најдобрите осум на стариот континент победувајќи го Данскиот првак, Колдинг и во вториот осмина финален натпревар со 30-26 (15-13).

Нов натпревар за паметење одигра новопечениот македонски репрезентативец Ренато Вугринец постигнувајќи десет погодоци, а рускиот бомбардер Павел Атман со девет голови беше вистинско изненадување за голманите на Колдинг.
Со пласманот во четвртфиналето Металург го повтори минатогодишниот успех кога беше дел од ТОП 8 фазата во Лигата на Шампиони.
Мх.П.











