Македонскиот ракометен првак Металург имаше напад за победа во последната минута од мечот со Киелце. Но, почетничката грешка на Миркуловски им отвори контра на домаќините кои ја претворија во погодок и триумфираа во дербито на колото во Лигата на Шампиони.

Поголем дел од мечот помина во доминација на македонскиот преставник. Разликата достигнуваше и шест погодоци, што на крај се покажаа како недоволни за триумф над големиот ривал.

На голот брилираше од Металург брилираше Дарко Станиќ додека најпрезицен ракометар со шест погодоци беше Наумче Мојсовски.

Во наредната седма рунда во групната фаза од ракометната Лига на Шампиони, Металург ќе се сретне со Шамбери.

Мх.П.