Во составот за престојниот меч со Киелце се враќа најдобриот ракометар на “металурзите“ Наумче Мојсоски. Повредата на бутниот мускул Мојсоски од терените го оддалечи цели три недели. Тој ги пропушти квалификациските дуели на Македонија против Швајцарија и Португалија.
Покрај левиот бек Мојсоски, за дерби пресметката со полјаците во комбаниција ќе бидат голманот Петар Ангелов и капитенот Ванчо Димовски.