Милан – Арсенал е најпривлечниот дуел во првата фаза од нокаут натпреварувањето во Лигата на Шампиони. Овие два тима се судрија пред четири сезони и тогаш “топчиите“ го елиминираа Милан. Лани во оваа фаза од натпреварувањето “росонерите“ беа елиминирани од уште еден тим од Лондон, Тотенхем.


Бранителот на трофејот Барселона, одбраната ќе ја продолжи во Германија против Баер Леверкузен. Најпријатното изненадување швајцарскиот Базел за противник го доби Баерн Минхен.

Реал Мадрид трката по десетатта титула ќе ја продолжи во Москва против ЦСКА, додека Зенит ќе ја пречека Бенфика.

Првакот од 1992 година Марсеј ќе му се спротистави на победникот од 2009, италијанскиот Интер.

Двојки : Милан – Арсенал, Лион – Апоел, Наполи – Челси, Леверкузен – Барселона, ЦСКА – Реал М, Зенит – Бенфика, Марсеј – Интер, Базел – Интер.

М.П.