Седумкратниот европски првак Милан со 4-0 го прегази Арсенал на Сан Сиро, и во првиот натпревар ги затвори сите прашања околу патникот во четвртфиналето.


Рапсодијата ја започна Боатенг кој во стилот на легендарниот Марко Ван Бастен го матираше чуварот на мрежата на Арсенал. Предноста ја дуплираше Робињо по додавањето на Ибрахимовиќ, на стартот на вториот дел Робињо зголеми на 3-0, а магичната вечер за “росонерите“ ја комплетираше маестралниот Ибрахимовиќ од пенал.

Мечот на “Сан Сиро“ против Милан беше последниот во дресот на Арсенал, за легендарниот топчија Тиери Анри.


Реванш мечот кој ќе биде чиста формалност ќе се одигра на 6 мај.


М.П