Седумкратниот првак Милан и англискиот тим Арсенал во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони ќе имаат (не)возможна мисија откако ќе се сретнат со Атлетико Мадрид односно Баерн Минхен.
Избраниците на менаџерот Арсен Венгер (ќе) ја имаат најтешката задача во 1/8 финалето бидејќи против себе го имаат Европскиот првак.
Походот кон титулата минатата сезона во ЛШ „баварците“ ја започнаа од „Емирати“, така ќе биде оваа сезона, но „топчиите“ се решителни да покажат заби како и на минатиот двобој.
Сезонава во „Ла Лига“, Атлетико Мадрид изненадува со своите перформанси и рамо до рамо се носи со Барселона и Реал Мадрид.
Но, проблемот е во тимот на Милан, кој пак сезонава не наликува на себе и мака мачи со резултатите во „Калчо лигата“.
Мх.П.