Натпреварите кои ќе се одиграат во групите А, Б, Ц и Д, ќе го отворат четвртото коло во фудбалската Лига на шампиони.


Екипите на Порто и Малага, по оваа рунда имаат можност да изборат пласман во нокаут фазата, бидејќи и двата тима по три кола имаат максимални три победи.

Порто ќе гостува во Киев, кај Динамо, додека Малага, на „Сан Сиро“ ќе ги тестира можностите и амбициите на Милан.

Дербито ќе се одигра во Мадрид, каде Реал ќе го пречека лидерот во Групата Д, германскиот првак, Борусија Дортмунд. Манчестер Сити против Ајакс нема право на кикс доколку сака да ги задржи шансите за пласман во нокаут рундата.

Двојки :

Група А : Динамо Киев-Порто, ПСЖ-Динамо Загреб

Табела: Порто 9, ПСЖ 6, Динамо Киев 3, Динамо Загреб 0

Група Б: Олимпијакос-Монпеље, Шалке-Арсенал

Табела: Шалке 7, Арсенал 6, Олимпијакос 3, Монпеље 1

Група Ц: Милан-Малага, Андерлехт-Зенит

Табела: Малага 9, Милан 4, Зенит 3, Андерлехт 1

Група Д: Манчестер Сити-Ајакс, Реал Мадрид-Борусија Дортмунд

Табела: Борусија 7, Реал 6, Ајакс 3, Манчестер Сити 1.

Ohridnews
“Макфакс“