Актуелниот шампион на Европа, Вардар со минимални 29-28 (14-12) го совлада германскиот ракометен гигант Кил во првиот од двата четвртфинални дуели за пласман на Ф4 во Лигата на Шампиони.

До мининален, но голем триумф „црвено црните“ стигнаа со голот на Хорхе Македа со звукот на сирената. Натпреварот во Манхајм изобилуваше со пресврти и менување на водството. Во првиот дел водството го контролираше Вардар, а во вториот често беше на страната на домаќините.

Избраниците на Раул Гонзалес со два голови во финишот успеаја да обезбеди триумф, кој ќе биде одлична најава за престојниот реванш во Скопје кој се игра на 29 април.

Капитенот Стоилов, Чупиќ и Мораеш по пет стрелаа прецизно, а Штербик интервенирше 10 пати. Вујин, Екберг и Вилјин во тимот на Кил се истакнаа со четири голови.

OhridNews