Српскиот фудбалски првак, Црвена Ѕвезда, имаше непосакуван почеток на евро-авантурата, претрпувајќи минимален пораз (2-1) од Каират во првиот натпревар од втората рунда во квалификациите за пласман во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Белградските „црвено бели“ не одиграа на најдобро ниво и победата на Каират е потполно заслужена. Домаќините во 24-та минута поведоа со голот на Канте. Црвена Ѕвезда се стабилизираше и со голема доза на среќа во 58-та изедначи на 1-1. Погодок во сопствената мрежа си постигна Микановиќ. На десеттина минути пред крајот на мечот Баганик постигна нов погодок за домаќините кој се покажа победнички.

Идентичен триумф како Каират обезбеди и Малме. Шведскиот претставник на домашен терен го совлада ХЈК од Финска.

Резултати:

Каират – Црвена Ѕвезда 2-1

Малме – ХЈК 2-1

Мура – Лугодорец 0-0

Слован Братислава – Јанг Бојс 0-0

Легија – Флора 2-1

Олимпијакос – Нефчи 1-0

ПСВ – Галатасарај 5-1

OhridNews