Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски и неговиот Апоел Никозија претрпија минимален пораз на гостувањето кај Висла Краков. Стрелец на победничкиот погодок за Висла беше Малечки во вториот дел од натпреварот.

Петкратниот првак во Лигата на Шампиони, Баерн Минхен рутински со 2-0 го совлада швајцарскиот Цирих. По само осум минути игра Швајнштангер го отвори резултатот а во 72-та минута со “еврогол“ Робен ја запечати победата на “баварците“.

Реванш натпреварите од квалификациите во Лигата на Шампиони се играат во вторник (22 август) и среда (23 август).

Резултати: Баерн Минхен – Цирих 2-0, Динамо Загреб – Малме 4-1, Висла – АПОЕЛ 1-0, Оденсе – Виљареал 1-0, Макаби – Генк 2-1.

Мх.П.