Полуфиналните мечеви во Лигата на Шампиони меѓу Баерн Минхен – Реал Мадрид и Челси – Атлетико Мадрид ќе започнат со минута молчење во чест на починатите тренер Тито Виланова и Вујадин Бошков.

Бошков бил на чекор од титулата во ЛШ, но никако да ја освои. Тој има играно две финилиња со Сампдорија и Реал Мадрид и во двете не успеа да ја покори Европа.
Поранешниот тренер на Барселона во времето кога беше помошник на Пеп Гвардиола се закити со медалот, но како тренер беше елиминиран во 1/2 финалето.
Мх.П.











