Победата над Астон Вила од 4-1 го окуражи менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, кој за лошите резултати во Премиер лигата спас (ќе) бара во Лигата на Шампиони.

Противник во 1/4 финалето на „ѓаволите“ му е бранителот на трофејот Баерн Минхен, кој сезонава игра во маестрална форма.

– Тоа ќе биде тежок меч против најсилниот тим во светот. Сепак, ние сакаме предизвик, од друга страна на никој не му е лесно, кога ќе дојде на Олд Трафорд. Сега ние сме подготвени за Баерн! – порача шкотскиот стратег.

Првиот дуел на Олд Трафорд се игра вторник додека реванш наредната среда на Алијанц Арената.

Мх.П.