Во возвратните четвртфиналните натпревари Челси и Борусија Дортмунд немаат премногу опции откако ги загубија првите мечеви од ПСЖ 3-1 односно Реал Мадрид 3-0.

Ако четата на Жозе Мурињо сака пласман понатаму мора да победи со 2-0 или со два погодоци разлика, а да постигнат четири голови.

До самиот почеток на средбата нема да се знае дали ќе игра Златан Ибрахимовиќ, но и без него „светците“ имаат квалитетна екипа.

„Милионерите“ ќе имаат далеку потешка задача од „сините“ бидејќи имаат негатива 3-0 а пред себе за противник го имаат разиграниот Реал Мадрид.

Во составот се враќа Роберт Левандовски, кој знае како против Реал Мадрид и тој е најголемиот џокер на Јирген Клоп.

Мх.П.