Ракометниот клуб Вардар одбраната на титулата во Лигата на Шампиони на завршниот турнир во Келн ќе ја започне со тимот на Монпеље во 1/2 финалето.
Францускиот клуб е единствениот во поновата историја на ЛШ, кој од вториот ешалон успеал да стигне во Ф4, што значи дека се работи за квалитетен состав.
Тимот на Нант во кој настапува Кирил Лазаров силите ќе ги одмери со Пари Сент Жермен. „Светците“ на хартија се фаворити на дуелот со Нант и за титулата во ЛШ, но на Ф4 скоро и да не победува најдобриот.
Завршниот турни се игра на 26/27 мај во Ланксес арената во Келн.
Двојки:
Нант – ПСЖ
Монпеље – Вардар
OhridNews