Португалскиот стратег на клупата од Реал Мадрид, Жозе Мурињо со два „шпица“ ќе истрча на “Сигнал Идуна Парк“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампиони. Друштво на Роналдо, кој е најдобар голгетер сезонава во ЛШ со 11 голови ќе му прави Аргентинецот, Гонзало Игауин.

Во почетните единаесет во екипата на Дортмуд има место и за “предавникот“ Марио Геце, кој деновиве објави дека од наредната сезона ќе се пресели во екипата на Баерн Минхен.

Состави :

Борусија Дормтунд: Веинденфелер, Суботиќ, Хумелс, Пишчек, Шмелцер, Бендер, Гундоган, Геце, Ројс, Блажиковски и Левандовски.

Клупа: Лангерак, Сантана, Кел, Леитнер, Сахин, Гројскројц, Шиебер.

Реал Мадрид: Диего Лопез, Варан, Пепе, Рамос, Коентрао, Кедира, Озил, Чаби Алонсо, Модиќ, Роналдо и Игуаин.

Клупа: Касиљас, Албиол, Начо, Кака, Каљехон, Ди Мариа, Бензема

Мх.П.