Отворени се сите карти во дуелите Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен и Барселона – Атлетико Мадрид откако двата натпревари завршија со идентичен резултат 1-1.

Европскиот првак Баерн Минхен и лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид имаат минимална предност поради погодокот постигнат во гости во првите четвртфинални натпревари.

„Црвените ѓаволи“ иако беа тотален аутсајдер во пресметката со „баварците“ покажаа заби и одиграа храбро реми против германците. Со погодокот на капитенот Немања Видиќ поведоа со 1-0, а радоста траеше неполни десет минути откако Бастијан Швајнштајнгер изедначи 1-1.

Пред финишот на мечот стрелецот на израмнувачкиот погодок заработи втор жолт автоматски црвен картон, но резултатот не се промена.

Избраниците на аргентинскиот стратег Диего Симено покажаа дека не случајно се меѓу најдобрите осум откако извлеко реми против Барселона со погодок во гости. Во 56-та минута за предност на Атлетико погоди Диего, а пораз на каталонците пред своите гледачи спаси Нејмар во 71-та минута.

Реванш натпреварите во 1/4 финалето се играат в среда на 9 април на Алијанц Арената односно Винсенте Калдерон.

Мх.П.