Романскиот првак Стеауа со минимален пораз 1-0 од Челси на „Стемфорд Бриџ“ се прости од Лигата на Шампиони. Мечот го реши македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски, кој си постигна погодок во сопствената мрежа.

За него ова е втор авто гол сезонава во ЛШ. Првиот исто така го постигна против Челси, но тогаш на домашен терен по кој беше суспендиран од претседателот на клубот.

Стеауа натпреварите во групи ги заврши на последната позиција освојувајќи два бодови.

Мх.П.