Еден од најдобрите натпревари во својата кариера Горан Пандев ги одигра на Стемфрод Бриџ, во 1/8 финалето од Лигата на Шампион, во времето кога настапуваше во дресот на Интер. Македонскиот репрезентативец две години подоцна се враќа на “местото на злосторот“ но сега со екипата на Наполи.

По првиот натпревар одигран во Неапол, “азурите“ имаа предност од 3-1. Од тогаш многу работи се променија во таборот на Челси, го нема менаџерот Андрес Виљаш Бојаш, а негово место е италијанецот Роберто Ди Матео. По суспензијата Валтер Мацари се враќа на клупата и од самата линија ќе го предводи Наполи до 1/4 финале.

Мх.П.