Македонскиот интернационалец Горан Пандев поради повреда ќе го пропушти мечот од Лигата на шампиони, на неговиот Наполи и Баерн Минхен. “Баварците“ не го паметат по добро Македонецот кој преку нив пред две сезони триумфираше во елитното натпреварување, а лани со неговиот гол во судиското надополнување Интер на Леонардо го елиминираше германскиот гигант.


Тренерот на Наполи, Влатер Мацари имаше пофални зборови за формата на Баерн, но напомена дека вооптшо не се плашат од средбата со водечкиот во А групата. “Доколку Наполи победи тоа ќе биде голем ден за градот и за нашите навивачи, и ние ќе направиме се` за да го постигнеме тоа“ – истакна Мацари.

“Ние сакаме да ја освоиме Лигата на шампиони, имаме долг пат но исто така имаме екстра квалитетни играчи во имињата на Швајнстајгер и Рибиери“- смета германскиот стручњак Јуп Хејкенс.

Во вториот натпревар во групата на смртта Манчестер Сити го пречекува Виљареал.


Поранешниот првак Интер во гостува кај Лил кој забележа две ремија во првите две рунди од лигата. Овие два тима прв пат ќе ги одмерат силите во ЛШ. Третата рунда од Лигата на шампиони ќе ја отворат ЦСКА Москва и Трабзонспор.

Фаворитот во Ц групата Манчестер Ј, ја чека сеуште првата победа во групите. Последен пат кога Манчестер не успеа да победи на двата воведни меча беше во 1999 година, кога тимот на Сер Алекс Фергусон го освои трофејот. “Ѓаволите“ првиот триумф ќе го бркаат во Романија, кај Отелул Галати.

Бенфика му гостува на Базел, кој во меѓувреме остана без својот стратег Торстен Финк кој замина во Хамбургер.

Жозе Мурињо е на слатки маки кого да селектира во шпицот на нападот каде “како швјацасрки саат“ функционираат Игуаин и Бензема. Португалецот најави дека можеби и двајцата ќе се најдат во стартните единаесетмина, навестувајќи ја офанзивната формација за мечот против незгодниот Лион.


Динамо Загреб ќе има можност да ги впише првите бодови во елитата откако на “Максимир“ ќе се судри со поранешниот европски првак Ајакс.

Двојки:

Група А : (20.45) Наполи –  Баерн, Виљареал – Ман Сити 

Група Б : (18.00) Цска М – Tрабзонспор (20.45) Лил – Интер 

Група Ц : (20.45) Отелул Галати – Манчестер Ј, Базел – Бенфика

Група Д : (20.45) Реал М – Лион , Ајакс- Динамо З.

Возбудувањата од натпреварите вo Лигата на Шампиони , следете ги во кафетерија “Офсјад“