Во среда ќе биде комплетирана листата на учесници во осминафиналето, во фудбалската Лига на шампиони. На програмата се натпреварите од последното коло, во групите Е, Ф, Г и Х. Пласман во осминафиналето веќе изборија Атлетико Мадрид, Барселона и Челзи.

Шалке или Базел, од Е групата, ќе му се приклучат на Челзи во следната рунда. Базел е во нешто подобра положба од екипата од Гелзенкирхен, бидејќи за влез меѓу најдобрите 16 му е доволен и еден бод.

Најнеизвесно е во ’групата на смртта’, каде три тима (Арсенал, Дортмунд и Наполи), конкурираат за првите две места.

Наполи ќе го пречека Арсенал, а Дортмунд ќе гостува во Марсеј, во случај Германците за победат во Марсеј, на Наполи ќе му биде потребна победа од три голови разлика за пласман во следната рунда.

Порто, во Г групата, мора да го совлада Атлетико во Мадрид, но во исто време треба да очекува кикс на Зенит во Виена кај Австрија.

Барселона е сигурна во Х групата, а за второто место во директен дуел ќе решаваат Милан и Ајакс, холандскиот тим само победа го носи во осминафиналето.

Двојки :

Група Е: Челзи-Стеауа, Шалке-Базел

Табела: Челзи 9, Базел 8, Шалке 7, Стеауа 3

Група Ф : Наполи-Арсенал, Олимпик Марсеј-Борусија Дортмунд

Табела: Арсенал 12, Борусија 9, Наполи 9, Олимпик 0

Група Г : Атлетико Мадрид-Порто, Австрија Виена-Зенит

Табела: Атлетико 13, Зенит 6, Порто 5, Австрија 2

Група Х: Милан-Ајакс, Барселона-Селтик

Табела: Барселона 10, Милан 8, Ајакс 7, Селтик 3.

 

„Макфакс“