Наполи го совлада Манчестер Сити со 2-1 и остана во игра за место во нокаут фазата од Лигата на Шампиони. Јунак на мечот беше Едисон Кавани кој на два пати ја затресе мрежата на “граѓаните“. Балотели беше стрелец на единствениот гол за англискиот тим.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев доби можност во последните десет минути, кога влезе во игра на место на двојниот стрелец Кавани.


Резултати:
ГРУПА А: Наполи – Манчестер С. 2-1, Баерн (М) – Вилјареал 3-1.
Табела: Баерн (М) 13,
Наполи 8, Манчестер С. 7, Вилјареал 0 бодови.

ГРУПА Б: ЦСКА М. – Лил 0-2, Трабзонспор – Интер 1-1.
Табела: Интер 10,
Трабзонспор 6,ЦСКА М. 5,  Лил 5 бода.

ГРУПА Ц: Оцелул – Базел 2-3 , Манчестер Ј. – Бенфика 2-2.



Табела: Манчестер Ј. 9, Бенфика 9, Базел 8, Оцелул 0 бодови.

ГРУПА Д: Реал (М) – Динамо (З) 6-2, Лион – Ајакс 0-0.


Табела: Реал (М) 15, Ајакс 8, Лион 5, Динамо (З) 0 бодови.

Натпреварите од Лигата на Шампиони, во живо следете ги во кафетерија “Офсајд“