Покрај аргентинскиот интернационалец во нападот на каталонците се најде Алексис Санчез и Педро. Стандардно во средина се наоѓаат Чави, Иниеста и Бускетс додека во одбраната друштво на Пике ќе му праври Бартра, а бековски позиции се резервирани за Дани Алвеш односно Жорди Алба.
Во отсуство на Марио Манџукиќ поради жолти картони, најистурен фудбалер во составот на Баерн Минхен е Марио Гомез. Стратегот на “баварците“ Хуп Хејнкенс немаше други проблеми околу повредени и суспендирани фудбалери и на Алијанц Арената ќе истрача со најдобрите 11.
Баерн Минхен : Нојер, Боатенг, Алаба, Лам, Данте, Швајнштајнгер, Хави Мартинез, Рибери, Робен, Милер и Гомез.
Натпреварот го води унгарска шесторка на чело со Виктор Касаи. Дуелот започнува во 20:45 часот.