По освојувањето на титулата во Премиер Лигата, очекувањата во тимот на Манчестер Сити пред почетокот на новата сезона во Лигата на Шампиони беа големи. Менаџерот на “граѓаните“ Роберто Манчини не донесе некои значајни засилувања бидејќи веруваше во екипата што ја покори англиската лига.


Манчестер Сити не почна така лошо во групната фаза. Во првото коло претрпеа пораз од Реал Мадрид 3-2 откако поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо им пресуди со погодок во 90-та минута.

Во втората и третата рунда Манчестер Сити потклекна на притисокот. На домашен терен против Борусија Дортмунд се спасуваше од пораз ремизирајќи 1-1 додека шок терапија за “граѓаните“ приредија фудбалерите на Ајакс кои забележаа победа во Амстердам со 3-1.

Лошите резултати англискиот првак ги заокружи со ремито на стадинот во Манчестер против Ајакс 2-2. Петтата рунда “граѓаните“ имаа сламка за спас, но мораа да го совладаа Реал Мадрид. Трет пат одиграа без победник овој пат 1-1, што значеше крај на сите надежи за подолг престој во Лигата на Шампиони.


Мизерната сезона во најеминетното натпреварување Манчестер Сити ги заврши со пораз од Борусија Дортмунд 1-0 и последното место во групата.

Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Ајакс му покажаа на англискиот првак Манчестер Сити оти сеуште не е дораснат за друштво со големите екипи во пролениот дел од Лигата на Шампиони.

Мх.П.