Борусија Дортмунд на “Сигнал Идуна Парк“ во првиот полуфинален натпревар со 4-1 го совлада деветкратниот првак во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид. Најзаслужен за триумфот на “милионерите“ беше полскиот репрезентативец, Роберт Левандовски, кој со четири погодоци го потопи “кралскиот клуб“.


Новата фантастична ноќ за германските клубови во Лигата на Шампиони ја најави Левандовски уште во 8-та кога го постигна водечкиот погодок.


Водството “милионерите“ го чуваа до финишот на првиот дел, кога Хумелс незамисливо погреши. Игуаин ја прифати топката, ја додаде до Роналдо, на кој му остана полесниот дел од задачата и со 12-от погодок сезонава го изедначи резултатот.


Примениот погодок не ги поколеба избраниците на стратегот Јирген Клоп. Кои продолжија со нападите во бранови, а за голови задолжен беше Левандовски. Полјакот за пет минути постигна два погодоци и донесе предност 3-1.


Магичната ноќ и големата победа за “милионерите“ против Реал Мадрид ја заокружи Левандовски со гол од пенал во 66-та минута.


Шпанските преставници во Лигата на Шампиони, Барселона и Реал Мадрид доживеаја “страшни“ порази во првите полуфинални натпревари. Мораат да се соземат и консолидираат ако сакаат да обезбедат пласман во финалето на Вембли на 26 мај.

Мх.П.