Челси предводени од инзводрениот Дидие Дрогба, во првиот 1/2 финален меч од Лигата на Шампиони со минимални 1-0 го совладаа бранителот на трофејот Барселона. Голот на Дрогба на истекот од првиот дел на крајот се покажа одлучувачки.


Очекувано, мечот Барселона го започна со “тик так“ играта, која донесе неколку прилики за погодок. Првата шанса му припадна на Санчез, чилеанецот лобуваше но пречката беше сојузник на чешкиот голман, Петр Чех.


“Сините“ иако играа пред своите гледачи, беа предодредени да се бранат на првиот од двата полуфилани дуели. Одбраната беше минлива но не и голманот на Челси,  кој го скроти ударот на Фабрегас. Наградата за одличните интервенции на Чех, стигна во втората минута од продолжениот од првиот дел. Везистот Лампард со долга топка го проигра Рамиреш, бразилецот откако ја смири топката пронајде пукнатина во одбраната на Барселона, и го проигра Дрогба кој непречен од никого ја затресе мрежата на Валдес.

Во вториот дел сликата на теренот не се промени, Челси беше задоволен со минималнато водство додека Барселона од време на време создаваше прилики за изедначување.  Последните десет минути од натпреварот гранитната одбрана на “сините“ беше на вистински испит. „Блауграната“ ги засили нападите. По нафрлувањето на Меси, Пујол ја закачи топката доволно да го смени правецот, но Чех пратеше и беше на место.


Барселона најдобрата прилика за изедначувачкиот погодок ја имаше во третата минута од судиското продолжение. Прво нововлезениот Педро биеше во стативата по додавањето на Меси, а на одбиената топка натрча Бускетс кој се посрамоти и биеше во горните редови на “Стемфорд Бриџ“.


Реванш дуелот на Ноу Камп, се игра за шест дена односно во вторник.

Мх.П.