Во натпреварот на третото коло во Лигата на Шампиони, Вардар пред своите гледачи го совлада Рајн Некар Ловен со 28-25 (13-13).

Германците немаа одговор за расположените ракометари на Вардар и капитулираа во преполната арена „Јане Сандаски“.
Со овој триумф избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез го задржаа 100% ефект во Лигата на Шампиони.
Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.











