Манчестер Јунајтед по кој знае кој пат се враќаше од работ на бездната. Со двата голови на Алан, “црвените ѓаволи“ по само 20 минути игра имаа негатива од 2-0. Победничкиот менталитет Јунајтед го демонстираше уште еднаш во остатокот од натпреварот. Чичарито намали на 2-1 до крајот на првите 45 минути. Во второто полувреме Еванс ја анулираше предноста, а комплетниот пресврт го направи мексиканецот Чичарито со вториот гол на мечот.
Потешкиот пат до победа го избра и Барселона. Меси и компанија губеа со 1-0, стрелец за “келтите“ беше Самарас. Со погодоците на Иниеста и Жорди Алба на истекот на двете полувремиња “блауграната“ славеше и го задржа 100% ефект во групната фаза.
Изненадување на вечерта приреди Шахјтор. Украинците на домашен терен го совладаа европскиот првак Челси со 2-1. Како изненадување може да се смета и ремито на Јувентус во Данска против “отпишаниот“ Нордсјеланд 1-1.
Резултати :
Група Е: Нордсјеланд – Јувентус 1-1, Шахтјор – Челзи 2-1.
Табела: Шахтјор 7 бодови, Челзи 4, Јувентус 3, Нордсјеланд 1.
Група Ф: БАТЕ Борисов – Валенсија 0-3, Лил – Баерн Минхен 0-1.
Табела: БАТЕ Борисов 6 бодови, Валенсија 6, Баерн Минхен 6, Лил 0.
Група Г: Спартак Москва – Бенфика 2-1, Барселона – Селтик 2-1.
Табела: Барселона 9 бодови, Селтик 4, Спартак Москва 3, Бенфика 1
Група Х: Галатасарај – Клуж 1-1, Манчестер Јунајтед – Брага 3-2.
Табела: Манчестер Јунајтед 9 бодови, Клуж 4, Брага 3 и Галатасарај 0.