Третиот круг од групната фаза во Лигата на Шампионите помина во знакот на изненадувања и пресврти. Европскиот првак Челси “смрзна“ во Украина, Јувентус ремизираше со данскиот Нордсјланд. Барселона и Манчестер останаа единствените екипи со три победи во три мечеви.


Манчестер Јунајтед по кој знае кој пат се враќаше од работ на бездната. Со двата голови на Алан, “црвените ѓаволи“ по само 20 минути игра имаа негатива од 2-0. Победничкиот менталитет Јунајтед го демонстираше уште еднаш во остатокот од натпреварот. Чичарито намали на 2-1 до крајот на првите 45 минути. Во второто полувреме Еванс ја анулираше предноста, а комплетниот пресврт го направи мексиканецот Чичарито со вториот гол на мечот.

Потешкиот пат до победа го избра и Барселона. Меси и компанија губеа со 1-0, стрелец за “келтите“ беше Самарас. Со погодоците на Иниеста и Жорди Алба на истекот на двете полувремиња “блауграната“ славеше и го задржа 100% ефект во групната фаза.

Изненадување на вечерта приреди Шахјтор. Украинците на домашен терен го совладаа европскиот првак Челси со 2-1. Како изненадување може да се смета и ремито на Јувентус во Данска против “отпишаниот“ Нордсјеланд 1-1.

Резултати :

Група Е: Нордсјеланд – Јувентус 1-1,  Шахтјор – Челзи 2-1.

Табела: Шахтјор 7 бодови, Челзи 4, Јувентус 3, Нордсјеланд 1.

Група Ф: БАТЕ Борисов – Валенсија 0-3, Лил – Баерн Минхен 0-1.


Табела: БАТЕ Борисов 6 бодови, Валенсија 6, Баерн Минхен 6, Лил 0.

Група Г: Спартак Москва – Бенфика 2-1, Барселона – Селтик 2-1.

Табела: Барселона 9 бодови, Селтик 4, Спартак Москва 3, Бенфика 1

Група Х: Галатасарај – Клуж 1-1, Манчестер Јунајтед – Брага 3-2.


Табела: Манчестер Јунајтед 9 бодови, Клуж 4,
Брага 3 и Галатасарај 0.

Мх.П.